Течат изборните рокови
Државната изборна комисија го објави роковникот. Увидот во избирачкиот список почнува на 28-ми октомври и ќе трае 15 дена. Според актуелните законски прописи за овие избори, освен податоци за гласачите избирачкиот список ќе содржи и фотографии, за да се намалат шансите за изборни злоупотреби и нерегуларности. 20- дневната кампањата за предвремените парламентарни избори стартува на 21-ви ноември...

Почнаа да течат изборните дејствија. Државната изборна комисија го објави роковникот. Увидот во избирачкиот список почнува на 28-ми октомври и ќе трае 15 дена, односно до 11-ти ноември.
За време на јавниот увид, право да се пријават за гласање ќе имаат и 30.447 гласачи кои беа со спорни записи за време на последното прeчистување на избирачкиот список.
Државната изборна комисија денеска на својата веб-страница треба да објави посебна апликација за пријавување за гласање на државјаните на Република Македонија што живеат во странство за декемвриските предвремени парламентарни избори.
Според актуелните законски прописи за овие избори, освен податоци за гласачите, избирачкиот список ќе содржи и фотографии, за да се намалат шансите за изборни злоупотреби и нерегуларности.
20- дневната кампања за предвремените парламентарни избори почнува на 21-ви ноември.
Државната изборна комисија побара 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
