Средба на Меркел со претседателите на Русија, Украина и Франција

19.10.2016 11:37

По проценката на Договорот од Минск за надминување на кризата, Меркел, Путин, Порошенко и Оланд ќе ги разгледаат идните чекори во мировниот процес. Последните разговори на високо ниво во составот наречен „Нормандски формат“ се одржаа пред една година во Париз.

На денешната средба во Берлин, германската канцеларка Меркел и претседателите на Русија, Украина и на Франција ќе дискутираат за постигнување мир во источна Украина.

По проценката на Договорот од Минск за надминување на кризата, Меркел, Путин, Порошенко и Оланд ќе ги разгледаат идните чекори во мировниот процес. Последните разговори на високо ниво во составот наречен „Нормандски формат“ се одржаа пред една година во Париз.

На маргините на состанокот ќе се зборува и за санкциите против официјална Москва поради операциите во Сирија, кои според Меркел, треба да бидат земени предвид од страна на Европската Унија.

Германија и Франција ги обвинија воените сили на Русија и на Сирија за напади врз цивилното население во Алепо.