Украина наскоро со нова Влада

02.02.2014 12:02

Нов кабинет може да биде назначен во најскоро време во Украина...

Нов кабинет може да биде назначен во најскоро време во Украина, соопшти в.д. премиерот Сергеј Арбузов, јави рускта агенција ИТАР-ТАСС. Ваков чекор ќе биде правилен, бидејќи ќе донесе сигурност кај граѓаните и инвеститорите, кои нам ни се потребни, рече Арбузов. 
 
На 28 јануари, претседателот Виктор Јанукович ја профати оставката на премиерот Азаров и на Владата, која продолжува технички да ги извршува обврските.
 
Според уставот, таквата ситуација може да трае најмногу 60 денови. Времениот премиер Арбузов нагласи дека економските показатели не најавуваат дестабилизација на валутата. Тој дополни дека за подобрување на економската и на финансиската ситуација треба да се скуси рокот за носење решение за формирање нова Влада