Последно соочување меѓу Клинтон и Трамп

19.10.2016 13:26

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе ја имаат последната, трета претседателска дебата, што ќе се одржи на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас. Темите овој пат ќе бидат обврските и правата во САД, имиграцијата, економијата, Врховниот суд, меѓународните кризни жаришта.

Вечер во Лас Вегас, Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе се соочат по трет и последен пат пред претседателските избори во САД. Обврските и правата во федерацијата, имиграцијата; економијата, Врховниот суд, меѓународните кризни жаришта и квалификуваноста на кандидатите се темите на кои ќе елаборираат.Дебатата во Градот на гревот е последна шанса опонентите да придобијат поголема поддршка од гласачите кои следеа агресивна реторика и валкана кампања од двата табора.

Тимот на демократите се најде под лупата на „Викиликс“ и беше цел на неколку хакерски напади, но кандидатката од нивните редови реши да се посвети повеќе на темите на вечерашната дебата отколку на кибер-нападите.

Пред сѐ треба да се осигураме дека економијата ќе биде во корист на сите, а не само на оние на врвот“, изјави Хилари Клинтон.

Милијардерот Трамп продолжува да ги убедува следбениците дека семејството Клинтон е манипулативна политичка машинерија која ја поддржуваат пристрасните медиуми. Категорично ги негира сите обвинувања поврзани со него.

Медиумите постојано форсираат само лаги и кампањата на Клинтонови за да ја задржат моќта во свои раце“, рече Доналд Трамп.

Тврди и дека изборите ќе бидат фалсификувани.

Никогаш не сум видел некој да дискредитира избори уште пред да бидат одржани. Ако се жалите пред да заврши играта, ако не ви оди  и губите, па обвинувате некој друг, тогаш не сте соодветен за оваа работа зашто многу често работите нема да бидат како што сакате вие“, изјави актуелниот претседател на САД, Брарак Обама.

Обама е првиот Афроамериканец кој ја презеде Овалната канцеларија. Дали САД ќе добијат претседателка за прв пат, ќе се знае на 8-ми ноември кога американскиот народ ќе гласа за 45-тиот претседател.