Пожар пепелоса барака во Скопје - пожарникар заврши на Ургентен
02.02.2014 10:20
На улицата „Варшавска“ синоќа околу 20 часот и 30 минути ...

На улицата „Варшавска“ синоќа околу 20 часот и 30 минути избувнал пожар во барака во сопственост на 56-годишен скопјанец.
Според информациите од полицијата, бараката е целосно уништена, но при гасењето на пожарот, при пад со телесни повреди во пределот на кичмата се здобил 46-годишен пожарникар кој се борел со пламените јазици.
Повредениот пожарникар е пренесен и задржан во ургентниот центар во Скопје.
