„Хуманитарна пауза“ во Алепо

20.10.2016 11:42

Москва соопшти дека примирјето ќе трае 11 часа, а сириската армија - три дена.

Во сирискиот град Алепо е воведена „хуманитарна пауза“, што ја прогласи Русија, со која на жителите ќе им се овозможи да го напуштат градот.

Москва соопшти дека примирјето ќе трае 11 часа, а сириската армија - три дена. Во Берлин, рускиот претседател Путин изјави дека е подготвен да ги прекине воздушните напади доколку биде можно.

Во меѓувреме, турски воени авиони извршиле над 20 воздушни напади врз позиции на Курдите северно од Алепо при што загинаа околу 200 екстремисти.