Берлин: Спроведување на Минскиот договор
20.10.2016 10:52
Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе биде проширена во конфликтните зони и во пунктовите за чување на тешкото вооружување.

Сите лидери на т.н. Нормандиска четворка ја потврдија заложбата за спроведување на Минскиот договор за решавање на конфликтот во источна Украина.
Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе биде проширена во конфликтните зони и во пунктовите за чување на тешкото вооружување.
Германската канцеларка Меркел беше домаќин на средбата со Путин, Порошенко и Оланд.
