Не постои заговор против Асанж- тврдат САД и Еквадор

20.10.2016 12:52

Основачот на „Викиликс“ тврди дека со тоа сакале да го спречат објавувањето на штетни информации за Хилари Клинтон и нејзината кампања за претседател на САД.

Владите на САД и на Еквадор негираат дека заговарале да го замолчат Асанж со прекин на интернет-конекцијата во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Основачот на „Викиликс“ тврди дека со тоа сакале да го спречат објавувањето на штетни информации за Хилари Клинтон и нејзината кампања за претседател на САД.

Викиликс обелодени огромен број материјали за Демократската партија и кампањата на Клинтон, за кои Вашингтон обвини дека се резултат на руски хакери.