Сочи 2014

Русија има и троши!

02.02.2014 12:39

Русија е подготвена за почетокот на Олимписките зимски игри во Сочи...

Русија е подготвена за почетокот на Олимписките зимски игри во Сочи, првите што ќе бидат организирани на почвата на најголемата земја во светот, а „Форбс“ пресмета колку пари домаќинот инвестирал досега за да биде се на највисоко ниво. Според престижниот магазин, првично планираниот буџет изнесувал 12 милијарди долари, а организаторот потрошил дури 50 милијарди, што е голема разлика. Ако се точни овие бројки, Олимпијадата во Сочи ќе биде најскапата во историјата, дури и во споредба со неколку летни игри. Пекинг потроши 40, Лондон 14, а Атина 15 милијарди долари.
 
Грандиозните спортски објекти и сигурносните прашања се највисоки ставки во инвестицијата на Русите, кои очигледно имаат и сакаат да вложат. Дали тоа ќе биде доволно за светот да ужива во најдобрата зимска олимпијада досега, засега е отворено прашање.
 
Македонската телевизија ќе Ви овозможи со слика да бидете во магичниот Сочи, а незаборавното седумнаесетдневно дружење почнува в петок, со преносот од свеченото отворање од 17 часот.