Македонски хотели наградени за нов квалитет во туризмот во ЈИЕ
Хотелите Гарденија и Сенигалија добитници на меѓународната награда за нов квалитет во туризмот во ЈИЕ...

На деловниот саем специјализиран за конгресен, зимски и спа туризам на Југоисточна европа во Белград „Туристичка призма“, признанија и за Македонските хотелски и угостителски капацитети. На Саемот учествуваат 100 преставници на престижни хотели, ресторани, туристички организации,бањи, конгресни центри и организатори на зимски и спа туризам од 15 земји. Меѓу нив, меѓународното стручно жири на хотелот Гарденија од Велес и хотелот Сенигалија од Скопје им ја додели престижната награда -за нов квалитет во туризмот во Југоисточна Европа.
Меѓународната награда „Туристичка призма“ за нов квалитет во туризмот ја додели меѓународно новинарско жири од 6 држави од регионот. Наградите се добиени како резултат на подигање на нивото на туристичките услуги и поттикнување на иновативни вложувања во оваа област.
Целта на саемот во Белград е воспоставување на подобра соработка меѓу туристичките стопанства на земјите од ЈИЕ, како и на компаниите во Европа заинтересирани за регионот.
Оливер Бранковиќ Постојан дописник од Србија
