Палестина бара резолуција за предупредување на Израел

20.10.2016 15:43

Според палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, Израел го крши меѓународното право...

Палестинците бараат од Советот за безбедност на Обединетите нации да усвои резолуција против Израел доколку продолжи изградбата на еврејските населби на нивните територии.

Според палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, Израел го крши меѓународното право, а конечната изградба на населбите и повлекувањето од палестинските територии по пет децении окупација е императив за постигнување праведен, траен и сеопфатен палестинско-израелски мир.