„Македонија 2025“: Развој на нови технологии и искористување на обновливите извори на енергија
Помогнете во градењето на посилна држава- ова е мотото на дводневната конференција на „Македонија 2025“, што во Скопје организира самит за бизнис, лидерство и иновации. Се зборува за поттикнување економски развој, за обновливите извори на енергија и за изградба на државата според примерот на Израел, за иновации во здравствената нега и во паметните технологии...

Македонија има потенцијал за развој на нови технологии и искористување на обновливите извори на енергија, беше порачано на самитот „Македонија 2025“. Една земја да се концентрира само на еден извор, по примерот во скандинавските земји, а потоа енергијата да се разменува, порачуваат од Нордискиот совет на министри.
Изреал го сподели своето искуство каде истражувањата и иновациите биле клучот за оваа земја да ја намали зависноста од вода и соларна енергија и тоа да има силен економски ефект. Моделот на туризам кон родната земја, на Израел му донел над 1 милијарда долари.
Во фокусот на светските иновации и системскиот дизајн и менаџментот кој е високо поставен во компаниите. Македонските бизнисмени беа запознаени со програмата на Европската вселенска агенција и можностите за соработка на тоа поле.
Самитот продолжува утре на друга тема. Ќе се зборува за паметната мобилност, претприемништвото, технолошките иновации.
Ова е петти самит. Првиот глобален инвестициски самит за Македонија се одржа во 2012-та година. Идејата на Самитот е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори.
Дијана Ценевска
