Дракслер не сакал во Арсенал
Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелд, објасни дека интересот на Арсенал...

Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелд, објасни дека интересот на Арсенал не бил доволен за премин на Џулиан Дракслер од бундеслигашкиот во премиерлигашкиот клуб.
„Добивме понуда и го информиравме Дракслер за тоа. Му рековме дека не сакаме да го продадеме. Немаме достојна замена за него, а и тој не сакаше да замине“, им соопшти Хелд на радосните навивачи на Шалке, кој се бори за висок пласман во германскиот шампионат, а се надева и на успех против Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Продажбата на Драксер ќе ни донесеше многу пари, а моментот да се разделиме со него секако ќе дојде. Тој е извонреден фудбалер и трансферот во некој од најголемите клубови е неизбежен“, рече Хелд.
