Меркел: Можни семерки против Русија

21.10.2016 10:20

Таа додаде дека Унијата се уште нема предвидено консултации на таа тема, туку дека само се рагледувало прашањето за тоа како да им се помогне на луѓето во Алепо.

Европската унија би можела да преземе „мерки“ против Русија, доколку интензитетот на нападите врз сирискиот град Алепо остане на нивото на кое беше пред прогласувањето на „хуманитраната пауза“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа додаде дека Унијата се уште нема предвидено консултации на таа тема, туку дека само се рагледувало прашањето за тоа како да им се помогне на луѓето во Алепо.

Францускиот претседател Оланд, пак, изјави дека ЕУ не донела одлука за санкции против Москва поради нејзините активности во Сирија, но дека казнените мерки за Русија поради Украина остануваат во сила.