Џафери: Вонредните избори се излез, а не решение за политичката ситуација

02.02.2014 13:05

Вонредните парламентарни избори може да бидат само излез од ситуацијата во која се најде владината коалиција, откако ДУИ веќе подолго време ...

Вонредните парламентарни избори може да бидат само излез од ситуацијата во која се најде владината коалиција, откако ДУИ веќе подолго време ја заговара идејата за консензуален претседател, но изборите нама да бидат и решение за оваа иницијатива, изјави вицепремиерот  Муса Џафери во интервју за „Прес24“.
 
Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор вели дека се уште има еден месец за разговори околу решение за идејата на неговата партија. 
 
Со тоа, вели Џафери, функцијата Претседател на државата ќе добие поголем легитимитет. На прашање дали ДУИ ќе инсистира на кандидат Албанец за претседател, Џафери вели дека тоа би можело да биде тема на разговор со политичките партии кои се заинтересирани да зборуваат за оваа идеја.