Продолжува самитот на „Македонија 2025“

21.10.2016 10:39

Самитот продолжува денеска со сесија на тема „Регионална и европска економска интеграција“...

Самитот - Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите, што традиционално го организира Македонија 2025 продолжува денеска во Скопје со сесија на тема „Регионална и европска економска интеграција“.

На Самитот, се зборува за поттикнување економски развој, употреба на обновливи извори на енергија, програмата на Европската вселенска агенција, примерот на Израел во поглед на економскиот развој, регионална и европска економска интегрција, иновации што ја редефинираат здравствената нега и давањето услуги во оваа област, иднината на превозот, Македонија како развоен центар за паметни технологии, улогата на жените во развојот на лидерство и одржлива иднина, најновите технологии и нивната улога во промената на светот и многу повеќе.

Самитот почна вчера, а учесниците имаа можност да проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи.