Бан Ки-Мун: Околу 500 загинаати, од почетокот на офанзивата во Алепо
На седницата на Генералното собрание на ОН, посветено на Сирија, Бан рече дека „заземениот кварт на градот бил подложен на најинтензивни воздушни бомбардирања“ од почетокот на конфликтот.

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун изјави дека околу 500 лица биле убиени, а 2000 илјади ранети, откако сириската влада на 23 септември ја почна офанзивата кон источниот дел на градот Алепо, којшто е под контрола на бунтовниците.
На седницата на Генералното собрание на ОН, посветено на Сирија, Бан рече дека „заземениот кварт на градот бил подложен на најинтензивни воздушни бомбардирања“ од почетокот на конфликтот.
Бан го поздрави едностраниот прекин на бомбардирањето, објавено од Русија, кое почна вчера и изрази надеж дека со тоа ќе му се овозможи на градот од него итно да бидат изнесени болните и ранетите.
