Втор удар за два дена, нов земјотрес во Јапонија

21.10.2016 12:00

Земјотресот од 6,6 степени по Рихтер бил регистриран во 14:10 часот по локално време во центарот на западната префектура Тотори на длабочина од 10 километри. По него се регистрирани десетина помали потреси со јачина до пет степени

Најмалку десет луѓе биле повредени, а една зграда се урнала во денешниот силен земјотрес со интензитет од 6,6 според Рихтер, што го погоди западниот дел од Јапонија.

Земјотресот бил регистриран во 14:10 часот по локално време во центарот на западната префектура Тотори на длабочина од 10 километри. По него се регистрирани десетина помали потреси со јачина до пет степени, кои според националната служба за метеорологија ќе продолжат.

Аеродромот во соседната префектура Окајама бил привремено затворен, биле запрени брзите возови, како и дел од автопатиштата. Околу 40 илјади домаќинства со часови биле без струја, а владата на Јапонија формираше кризен штаб.