Во Војводина невремето не стивнува

02.02.2014 13:08

И денес во Војводина дува ветер со олујна сила од над 100 километри на час...

И денеска во Војводина дува ветер со урагански интензитет од над 100 км на час, правејќи наноси и до 5 метри. Кај Бачка Топола и Фекетиќ во тек е евакуацијата на замрзнатите од над 50 возила. Патиштата во Војводина се непроодни, а состојбата се менува од час на час. Во Зрењанин и Панчево сеуште е на сила вонредната состојба. Синоќа со хеликоптери и тенкови, во драматични услови спасени се над илјада лица на повеќе патни правци во Војводина. Најтешка беше состојбата кај Фекетич, каде во спасувањењто со хеликоптери учествуваше и вицепремиерот Александар Вучиќ

-Условите се ненормални. Има наноси и до 5 метри.Не можеме веќе било што да донесеме  и со тоа да го тргнеме снегот. Немаме камиони и гусеничари. Не можеме тенковите да ги извлечеме и да ги доведеме. Луѓето со хеликоптери ги спасуваме. Носиме храна, бензин и се што можеме носиме, повика Александар Вучиќ, прв вицепремиер на Србија и министр за одбрана.

За разлика од вчера бројот на завеани патници е намален. Сите патници се згрижени во домови и во училишта. По автопатите оставение се и натаму напуштени возила. Српската влада и натаму апелира до граѓаните да не патуваат во завеаните предели на Војводина, кадешто во прекин се повеќе делници. Војската и стручните служби прават се за да се оспособат завеаните делници.

Од Белград за МТВ -Оливер Бранковиќ