Самит на „Македонија 2025“

Компаниите да пласираат производи со стандарди над светските

21.10.2016 15:25

„Македонските компании да обезбедат производи со стандарди над светските“, порака од светските менаџери- учесници на самитот „Македонија 2025“ кој втор ден се одржува во Скопје...

Новите технологии се развиват многу брзо во светот, а успешните бизниси се базираат на технологија и иновации, оценуваат светските менаџери учесници на вториот ден од самитот „Македонија 2025“ што се одржува во Скопје. Им порачуваат на македонските компании да пласираат производи со стандарди над светските ако сакаат да успеат на пазарот. Шефот на одделот за наука на ИБМ, Банавар со претходно искуство во Индија и Бразил, дава свој рецепт за успех.

Независниот консултант во Европскиот проект за паметни градови, Одоне смета дека по теркот на некои европски градови, треба градовите да функционираат паметно. Ова значии поедноставен проток на автомобилите, луѓето да го користат јавниот превоз и велосипедите.

Како добра алтернатива беа посочени електричните возила со нула емисии на штетни гасови. Во нивното производство се користи струја која доаѓа од фосилни горива.

Заменик претседавачот со одборот на директори на „Македонија 2025“, Вера Ставроф, смета дека самитот е одлична можност Македонија да биде претставена пред меѓународната заедница.

На завршниот ден беше оценето дека Македонија има исклучителни можности во повеќе сектори и тие треба да се искористат.

 

Дијана Ценевска