Беловски: Нападната е новинарската професија

21.10.2016 15:44

Не сум нападнат само лично јас, туку и целата новинарска фела. Вака новинарот на Телма Павле Беловски го оквалификува синоќешниот инцидент пред МВР кога за својата телевизија известуваше за последните случувања на релација СЈО-УБК.

Вчера не бев нападнат јас, туку новинарската професија- вака новинарот Павале Беловски го оквалификува синоќнешниот инцидент пред МВР кога за свајата телевизија известуваше за последните случувања на релација СЈО- УБК.

„Ако вчера сметав дека сум нападнат јас како репортер, денеска сум сигурен дека е нападната нашата професија што е многу жалосно. Лицето кое ме нападна не нападна личност, туку нападна репортер кој си ги извршуваше своите обврски. Него не го интересираше кој сум јас туку го интересираше што јас работам зошто сум таму и за што известувам“, изјави новинарот Павле Беловски.

Физичкиот напад врз новинарот Беловски го осудија новинарските здруженија. Од Македонсото здржение на новинари бараат целосно расветлување на случајот.

„МАН бара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела. И досега се случувало физички да бидат напаѓани новинари, што е дополнителна причина да бараме расветлување на сите без исклучок“- соопштуваат од МАН.

Од Здружението на новири велат дека нападот е смилен атак врз слободата на медиумите, оркестриран од одредени структури на МВР.

„Овој притисок е насочен кон колегите да се обесхрабрат и да не стојат постојано пред МВР, да не извршат притисок врз оние кои ја опструираат истрагата на Специјалното јавно обвинителство за кое има судска наредба“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

По синоќешниот физички напад на новинар на Телма при извршувањето на работните обврски, стигна осуда и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, од Советот за етика. МВР на напаѓачот му поднесе две прекршочни пријави.

 

Андријана Атанасовска