Помали трошоци за купување добиток

25.10.2016 09:46

За купување добиток и за проширување на стадото сточарите можат да побараат финансиска поддршка. Рокот за пријавувањето е продолжен и ќе трае до 31-ви октомври, а со оваа помош фармерите ќе платат најмалку за 50 проценти помали трошоци.

Финансиската поддршка е за набавени, јуници, овци, кози и свињи, а вкупниот износ по корисник за оваа намена  е до 6,5 милиони денари.

Парите  се добиваат со ко-финансирање до 50 проценти  од одобрените трошоци.

За младите земјоделци трошоците ќе можат да се намалат и до 55 или до 75 отсто во зависност од местото , односно,  ако фармата се наоѓа на понедостапни планински подрачја.

Еден сточар може да поднесе едно барање за набавка на добиток.

Изборот ќе се врши со  бодување според дадумот и времето на поднесување на барањето.

Аплицирањето е исклучиво електронски и ќе трае до крајот на овој месец.

 

Методија Трајков