Масовна евакуација на мигрантите од францускиот камп „Кале“

25.10.2016 09:49

Со 45 автобуси се превезени во 80 прифатни центри во 11 региони на Франција. 400 деца се сместени во привремени приемни центри кои се дел од кампот пред да бидат префрлени на друго место.

Продолжува евакуацијата на мигрантите од кампот „Џунгла“ во францускиот град Кале. Во првиот ден од операцијата за уривање на озлогласениот камп беа евакуирани 2.318 мигранти.

Со 45 автобуси се превезени во 80 прифатни центри во 11 региони на Франција. 400 деца се сместени во привремени приемни центри кои се дел од кампот пред да бидат префрлени на друго место.

Британија претходно се согласи да прими 1.300 деца. Над 1.000 припадници на силите за безбедност се мобилизирани за успешно спроведување на операцијата.