Изборите во САД ги поделија европските држави

25.10.2016 09:53

Американските избори ги поделија европските држави. Некои се загрижени од изборот на Доналд Трамп за американски претседател, а некои сметаат дека изборот на Хилари Клинтон ќе значи продолжување на истиот незаинтересиран однос на Соединетите Американски Држави кон Европа.

Полска, Унгарија, Италија и Британија го поддржуваат изборот на Доналд Трамп за американски претседател, додека Фрација, Германија и Шведска се за Хилари Клинтон. Некои европски држави се загрижени од изборот на Доналд Трамп за американски претседател, а некои пак сметаат дека изборот на Хилари Клинтон ќе значи продолжување на истиот незаинтересиран однос на Соединетите Американски Држави кон Европа.

„Европејците се загрижени. Прво, дали САД ќе покажат вистинско лидерство во семејството  држави што се западни демократии. Второ, дали ќе се обединиме или не по американските избори, бидејќи Европејците, според мене, најмногу се грижат за себе, а не дали ќе бидеме вистински силни со новиот американски претседател“, вели Андрас Симонул, поранешен унгарски амбасадор во САД.

„Постоењето  национализам, страв од странци и демократскиот избор на национални десничари на власт, го гледаме насекаде во светот. На изборите во Филипини, со Брегзит во Британија и подемот на екстремно десничарски партии во Европа“, изјави Вилијам Ехо, поранешен американски амбасадор во Австрија.

Европејците сметаат дека американските избори ќе влијаат на исходот на изборите во Европа.

Европејците очекуваат од новиот американски претседател да биде повеќе инволвиран во настаните во Европа.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ