Технологии и бизнис модели за економски развој
Примената на нови технологии, бизнис модели, отворање компании кои ќе ги применат светските искуства, ќе ја доближи земјава чекор понапред во глобалниот бизнис, смета претседавачот на самитот „Македонија 2025“. Ги поддржува компаниите, похрабро и поагресивно да излезат на меѓународниот пазар.

Македонија иако е мала земја може успешно да се носи со конкуренцијата во европски па и светски рамки вели шефот на канцеларијата за Македонија и Црна гора на Меѓународната финансиска корпорација, Мартиновски. Примената на нови технологии, бизнис модели, креирање на компании кои ќе ги применат светските искуства ќе ја доближи земјава чекор нанапред. Мартиновски вели потенцијал има во медицината, во чистите технологии, но потребно е создавање на нова генерација на кадри кои ќе ја овозможат примената.
Македонија може да се вклучи во економската реинтеграција на регионот. Кога домашните компании поагресивно и похрабро би излегле надвор и би ја граделе конкурентноста, борејќи се на многу потешки пазари полесно ќе се справуваат со конкуренцијата.
Само за пример, вели Мартиновски, Израел успеа да изгради успешна и здрава економија за краток период, шанса во извозот виде и кинеската економија. Македонија може преку трансформацијата од традиционалните сектори кон бараните технологии да доживее, а клучна поддршка во тоа може да имаат и успешните македонски менаџери од дијаспората, вели Мартиновски.
Дијана Ценевска
