Македонија со најевтини горива во регионот

02.02.2014 13:27

Истражувањето на агенцијата „Мина-бизнис“ во која се опфатени цените на горивата во 33 европски земји...

Анализата на агенцијата „Мина-бизнис“ во која се опфатени цените на горивата во 33 европски земји, покажува дека Македонија има најниски цени на горива споредено со земјите од регионот. 
Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,35 евра, Хрватска и Србија по 1,34, Албанија 1,33, Македонија 1,26 , а во Босна и Херцеговина се купува за 1,18 евра.
 
Литар Еуросупер 98 пак, во Црна Гора се продава за 1,38, Хрватска за 1,37, во Македонија за 1,28 евра.
 
Највисока цена на Еуродизел од земјите од регионот плаќаат граѓаните на Србија – 1,36 евра, во Албанија дизелот чини 1,32, Хрватска и Црна Гора по 1,27, а во Македонија е најевтин - 1,11 евра.
 
Во Европа најскапо гориво и понатаму плаќаат граѓаните на Норвешка и Италија, кои за литар 95-ка даваат 1,81 евра, односно 1,79 евра, додека 98-цата чини 1,9 и 1,89 евра. Литар  дизел гориво во ови држави се продава по 1,72 евра.
 
Најевтино гориво користат граѓаните на Русија, каде литар Еуросупер е 74 центи, а еуродизел 75 центи.