Старџен: Плановите за референдум за независност на Шкотска се сериозни

25.10.2016 11:48

Владите во Единбург и Кардиф бараат британскиот Парламент да гласа за позицијата што ќе ја определи владата за преговорите за Брегзит.

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека планот за втор референдум за независност е сериозен. Тема на средбата со британската премиерка Тереза Меј биле подготовките на преговорите за напуштање на ЕУ.

Владите во Единбург и Кардиф бараат британскиот Парламент да гласа за позицијата што ќе ја определи владата за преговорите за Брегзит.

Според медиумите, Меј инсистирала на единствена позиција на Велика Британија во идните преговори, по што би се организирал посебен форум на министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис со премиерите на Шкотска, Велс и на Северна Ирска.

Старџен побарала од Лондон да не го активира членот 50 од Лисабонската спогодба додека британската влада не постигне согласност со трите делови на земјата, за основите врз кои ќе се преговара.