Масовна полициска акција во Германија против терористите
25.10.2016 14:27
Според локалните медиуми, уапсените се руски државјани со чеченско потекло. Еден од нив признал дека се бори во редовите на Исламска држава во Сирија.
Германската полиција спроведува полициска акција во 5 германски покраини при што се уапсени петнаесетина симпатизери на Исламска држава. Причина за акцијата се информации за планирање на напади и дејствија против државата.
Според локалните медиуми, уапсените се руски државјани со чеченско потекло. Еден од нив признал дека се бори во редовите на Исламска држава во Сирија.
Сите се со привремен престој во Германија и очекуваат конечен одговор од властите за нивните барања за азил.
