Врачени решенијата за исплата по мерки од Програмата за конкурентност

25.10.2016 15:02

Кучи нагласи дека во последната декада женското претприемништво е препознаено како важен извор на економски раст во глобални рамки...

Доделени се решенијата за исплата на субвенции од 1.000 до 2.000 евра, поддршка на конкурентноста, женското претприемништво и на занаетчиите, преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016-та.

Се надевам дека овие скромни субвенции што ги доделуваме ќе претставуваат финансиски придонес кој ќе овозможи прогрес на вашиот бизнис, порача министерот за економија, Дритон Кучи, истакнувајќи дека микро, малите и средните пртпријатија се главен двигател на секоја економија.

Кучи нагласи дека во последната декада женското претприемништво е препознаено како важен извор на економски раст во глобални рамки, а влијанието на жената во бизнисот континуирано расте.