Воведување стандарди за повисока конкурентност
Мал е процентот на домашни компании од текстилната индустрија, кои го примениле ГС1 системот, со кој се идентификува производот, велат од Асоцијацијата. Македонските компании, иако имаат конкурентно производство, во најголем процент работат според лон системот. Користа од новите стандарди се повисока ефикасност и пониски трошоци. Во текстилната индустрија работат повеќе од 300 компании.

Мал дел од домашните текстилни компании имаат воведено стандард за идентификација, што е еден од главните предуслови за поголема конкурентност и препознатливост на светските пазари. Од македонската текстилна асоцијација велат дека е сѐ уште над 90 проценти од извозот отпаѓа на лон производството.
Како да се влезе во трагот на производите кои се продаваат и од каде потекнуваат- ова е еден од најголемите предизвици во модерната трговија.
Помали трошоци, зголема продажба и извоз – ова, според Стопансата комора, може да се постигне со воведувањето на стандардот за идентификација.
Во осуммте месеци од годинава, текстилната индустрија реализирала 400 милиони долари извоз, што претставува 12,7 отсто од вкупниот на ниво на државата.
Дијана Ценевска
