Последна турнеја на Обама- ќе ги посети Грција, Германија и Перу
Во Грција ќе се состане со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас. Во Германија ќе дискутира со канцеларката Меркел за Украина, Сирија и борбата против Исламска држава.

На последната турнеја во рамките на претседателскиот мандат, Барак Обама ќе ги посети Грција, Германија и Перу. Турнејата, која ќе трае од 14 до 21 ноември, ќе следува само неколку дена откако ќе биде избран неговиот наследник.
Во Грција ќе се состане со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас. Во Германија ќе дискутира со канцеларката Меркел за Украина, Сирија и борбата против Исламска држава.
Средби ќе одржи и со група европски лидери, меѓу кои и со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британската премиерка Тереза Меј.
Во Перу претседателот на САД ќе присуствува на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка во Лима.
