Меѓународна економска конференција на компании од Битола и Измир

26.10.2016 10:39

Организатор на средбите со 30-тина турски бизнисмени е Центарот за развој на Пелагонискиот регион.

Во Битола се одржува меѓународна бизнис конференција на која учествуваат 150 фирми од Битола и од Измир, како и претставници на регионални и на локални институции.

Организатор на средбите со 30-тина турски бизнисмени е Центарот за развој на Пелагонискиот регион.

На конференцијата поддржана од УНДП и од Министерството за локална самоуправа, се очекува да биде разговарано за можностите за нови инвестиции на компании од Турција во Пелагонија.