Ренци се закани дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
26.10.2016 11:20
Италијанскиот премиер се закани дека ќе го блокира буџетот на Европската унија ако источноевропските земји одбиваат да прифатат мигранти

Италијанскиот премиер Матео Ренци се закани дека ќе го блокира буџетот на Европската унија ако источноевропските земји одбиваат да прифатат мигранти. Додаде дека наредната година ќе биде клучна за прашањето за запирање на бегалскиот бран.
Ренци потсети дека ќе се влошат временските услови на море поради пониските температури и побара да се запре пловидбата на бродовите кои превезуваат мигранти и бегалци.
