Продолжува контролата на шенгенските граници

26.10.2016 12:37

Граничните контроли беа вратени во мај и јуни поради приливот на илегални имигранти...

Европската комисија предложи да се продолжи со три месеци дозволата на извршување на гранични проверки од Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка во рамките на Шенген.

„Сите имаме иста цел, односно да се врати нормалното функционирање на Шенген зоната без контрола на внатрешните граници што е можно поскоро. Во Грција има околу 60 илјади илегални мигранти кои може да тргнат кон другите земји-членки доколку се укине контролата на внатрешните граници“, изјави Димитрис Аврамопулос, еврокомесар за миграција.

Граничните контроли беа вратени во мај и јуни поради приливот на илегални имигранти. Претходно германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека внатрешните контроли треба да продолжат зашто надворешните граници на ЕУ не се доволно добро заштитени. Максималниот дозволен рок на гранични проверки според Шенгенското законодавство е до две години.