Пожар во мигрантскиот камп „Џунгла“

26.10.2016 13:40

Властите спроведуваат акција за раселување на бегалците во импровизираниот камп.

Во мигрантскиот камп „Џунгла“ во Кале избиле неколку пожари, а во еден од нив бил повреден сириски мигрант, откако експлодирала боца со гас.

Властите спроведуваат акција за раселување на бегалците во импровизираниот камп. Досега се преместени 3.242 возрасни, а 772 деца се сместени во привремен прифатен центар.