Уапсена градоначалничката на Дијарбекир

26.10.2016 13:58

За властите во Турција, оваа партија е опасна колку и Исламска држава, па почнаа масовни операции за нивно сузбивање од граничните региони.

Уапсена е градоначалничката на Дијарбекир, поради сомнение дека е член на Работничката партија на Курдистан. Обвинета е дека со службено возило одела на погреби на припадниците на ПКК, но и за присуство на нивни состаноци и собири.

За властите во Турција, оваа партија е опасна колку и Исламска држава, па почнаа масовни операции за нивно сузбивање од граничните региони.

Во истата акција, полицијата на најголемиот град во југоисточна Турција го уапси и претставникот на градското собрание.