Намален бројот на протераните од Франција
02.02.2014 14:53
Францускиот министер за надворешни работи Мануел Валс, еден од најпопуларните во владата на социјалистите...

Францускиот министер за надворешни работи Мануел Валс, еден од најпопуларните во владата на социјалистите не се воздржа пред новинарите да го критикува билансот на администрацијата на поранешниот претседател Никола Саркози, кој водеше остра политика за имиграцијата и азилот.
„Билансот на претходната влада едноставно е многу лош. Меѓу 2006 и 2011 присилното враќање надвор од границите на ЕУ беше намалено за три пати. Односно од 11 436 се сведоа на 4026 протерувања, политиката на бројки во областа на протерувањето доведе до несупех. Неуспех дотолку потежок, бидејќи тој беше скриен од французите.“- рече Валс.
Во 2013 година Франција протерала 27 илјади странци без уредни документи за престој на нејзина територија, што претставува 9 илјади лица помалку во споредба со 2012. Од вкупно 27 илјади протерани странци, 15 илјади и петстотини биле насилно протерани, од кои 10илјади и седумстотини во една од земјите членки на ЕУ и 4 илјади и шестотини надвор од ЕУ, најголемиот прој д протераните се Роми со потекло од Бугарија и Романија.
Истовремено со дозвола за престој се стекнале 46 илјади лица, односно 10 илјади повеќе во споредба со 2012-та година.
Причината за вака драстичнотото намалување на протерувањата е намалувањето на помошта за враќање во родната земја на странците без дозвола за престој. Од друга страна, има и зголемување на бројот на оние кои добиле дозвола за престој.
Имиграцијата и политиката на азил се теми околу кои редовно се кршат копја во Франција меѓу умерената левица и десница, но од сето ова корист влечи само крајната левица.
Од Франција за МРТ, Тони Гламчевски
