Филд: Македонија постигна напредок во економијата

26.10.2016 15:16

На средбата било разговарано за македонските евроинтеграции, за мигрантската криза, но и за политичката состојба во Македонија.

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, во Лондон на средба со челниците на владејачката Конзервативна партија на Велика Британија. На средбата било разговарано за македонските евроинтеграции, за мигрантската криза, но и за политичката состојба во Македонија.

„Македонија може да се гордее со големиот успех и напредокот на економијата. Како што знаете компании како Џонсон Мети и другите британски компании се голем работодавач во државата, што значи дека стекнале доверба во Македонија. Велика Британија не го остава светот ниту Европа зад себе, и јас се заложувам и сум уверен дека економските односи со Македонија и државите од Балканот сѐ повеќе ќе се зацврстуваат во годините што следуваат“, смета потпретседателот на Конзервативната партија, Марк Филд.