Потенцијал за соработка меѓу компании од Пелагонија и Измир

26.10.2016 16:16

Македонски бизнисмени од Пелагонија и турски од Измир седнаа на заедничка маса. Гледаат голем потенцијал за соработка. Турците заинтересирани преку земјава да ги пласираат производите во Европа, македонските фирми го меркаат тамошниот пазар.

Дваесет и седум сопственици на компании од петнаесет различни сектори од Измир, Реублика Турција на дирекна средба со своите колеги од пелагонискиот регион за да се запознаат, но и да ги запознаат потенцијалите и можностите што ги нудат општините од овој регион. Серкан Ангиташ е сопственик на фирма за производство на делови за радијатори, веќе соработува со партнер од Италија. Се надева дека следното проширување на дејноста ќе биде во Македонија

„Дојдов да ги разгледам можностите. Дел од нашето производство веќе извезуваме во Италија. Таму имам партнер подолго време веднаш ќе го запознам со условите што ги нудите и потоа ќе следи конечната одлука“, вели стопанственикот од Измир, Серкан Ангиташ.

Послдниве неколку години има одредено бизнис раздвижување. Успешно е имплементирано партнерството со стопанственик токму од Измир кој е вклучен во системот на модернизирање и одржување на уличното осветлување во Ресен.

„Во нашиот регион веќе егзистираат една технолошка развојна зона, дванаест индустриски зони и неколку браунфилд локации кој се погодни токму за странските инвеститори“, вели претседателот на Пелагонискиот плански регион, Ѓоко Стрезовски.   Луѓето задолжени за привлекување стански инвестиции најавија дека во регионот наскоро инвестицискиот циклус ќе започнат уште три поголеми компании од Италија, Америка и Грција, а во индустриската зона Жабени свој бизнис план има доставено и турска компанија.

„Тоа е турската компанија Трмат која има купено парцели и ќе инвестира околу пет милиони евра и траба да вработи 120 луѓе во следните пет години“, рече министерот за странски инвестиции Џери Наумов.

Турските бизнисмени утрешниот ден ќе го поминат на терен низ општините каде што ќе се запознат со локациите и ресурсите

 

Стевче Митревски