Европјаните бараат македонски зеленчук и бисквити
Европјаните по тутунот и виното најмногу ги сакаат и македонските бисквити и вафли. Годишната продажбата на земјоделско- прехрамбените производи во земјите на Европската унија е 48 проценти од вкупниот извоз. Според продадените количества, од нас, најмногу купувале Грците.

Трговската размена на Македонија со Европската Унија учествува со скоро 48 па и повеќе проценти или безмалку половина од вкупната трговија со храна со другите земји.
Наша најзначајна европска дестинација за извоз лани била Грција со 15,6 проценти од вкупниот извоз на пазарите на Унијата и тоа со тутунот, јагнешкото и свежиот зеленчук.
Хрватска е вториот значаен трговски партнер. Хрватите највеќе ги сакаат македонските бисквити и вафли, па потоа виното и конзервираниот зеленчук.
Германија од прво се најде на третото место на листата увозници на македонска храна. Најмногу се барале тутунот, виното и се разбира, македонскиот свеж зеленчук и македонските домашни специјалитети од зеленчук во тегли.
Нашиот сосед Бугарија лани од нас најмногу купувал тутун, јаболко и свежи пиперки, а италијанците јагне, зеленчук, печурки, и повторно бисквити и вафли.
На пазарите во странство продадени се и поголеми количества на зелка и на трпезно грозје.
Методија Трајков
