Протести во Венецуела: Еден полицаец загинат, десетици повредени
Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на протести против владата на претседателот Николас Мадуро. Полицијата користела солзавец, а во судирите со демонстрантите се уапсени најмалку 20 луѓе.

Еден полицаец загинал, а десетици луѓе се повредени за време на антивладините протести организирани во Каракас и другите поголеми градови во Венецуела.
Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на протести против владата на претседателот Николас Мадуро. Полицијата користела солзавец, а во судирите со демонстрантите се уапсени најмалку 20 луѓе.
Според податоците на групата за човекови права, 140 луѓе биле уапсени низ целата земја во протестите наречени „Преземање на Венецуела“.
Опозицијата, која има мнозинство во Парламентот и бара повлекување на Мадуро од власта, за утре повика на генерален штрајк.
