Косово поставува нови услови за дијалог со Србија

27.10.2016 11:26

Директорот на српската владина служба за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека доколку Приштина смета дека треба да разговара со ултиматуми и не е подготвена да разговара на друг начин, тоа значи дека тие се откажуваат и дека нема да има дијалог.

Српските весници пишуваат дека српската влада денеска ќе ги разгледа новите услови, кои ги постави приштина за продолжување на дијалогот со Белград.

Директорот на српската владина служба за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека доколку Приштина смета дека треба да разговара со ултиматуми и не е подготвена да разговара на друг начин, тоа значи дека тие се откажуваат и дека нема да има дијалог.

Тој додаде и дека ситуацијата е мошне сериозна и дека јавноста ќе биде информирана за натамошните чекори.