ОН: За помалку од еден месец убиени 400 лица во Алепо

27.10.2016 11:45

400 лица загинаа и речиси 2.000 се ранети за помалку од еден месец во нападите во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците...

Околу 400 лица загинаа и речиси 2.000 се ранети за помалку од еден месец во нападите во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, изјави заменик-генералениот секретар на ОН, Стивен О’брајан.

Тој додаде дека бомбардирањата во Алепо месецов биле најинтензивни, од почетокот на конфликотот во Сирија во 2011-та година.

И покрај тешките преговори со страните во конфликотот, ОН и партнерите беа подготвени да започнат операција на 23-ти октомври, но плановите беа осуетени поради спротивставувањето на две вооружени групи.