Турски компании заинтересирани за инвестиции во Пелагонискиот регион
Турските компании од регионот на Измир се заинтересирани да инвестираат во Пелагонискиот регион. Големата турска делегација од 29 бизнисмени е мотивирачка за новите инвестиции во индустриските и развојни зони како и во туризмот, се првите оценки. Бизнисмените вчера го посетија Прилеп...
Поволните законски регулативи во Македонија, ресурсите, индустриските и технолошко развојните зони отвораат можности за да инвестираат бизнисмените од Турција. Големи се потенцијалите и на 9-те општини во Пелагонискиот регион, меѓу нив и Прилеп, констатираа 29 бизнисмени од Измир, Турција. Веќе има интерес за инвестирање во живинарството.
„Комфи ангел“ веќе извезува во Турција, а Прилеп има индустриски и технолошко развојна зона за инвестирање. Посетата на големата турска стопанска делегација е мотивирачка за инвестирањето во пелагониско.
Според локалните власти стопанската делегација од Измир, Турција е најголема досега во посета на Прилеп.
Елизабета Митреска
