Земјотрес од 5,9 степени регистриран во Чиле

28.10.2016 11:21

Нема податоци за настрадани или за причинета штета. Не беше прогласена ни опасност од цунами.

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер беше регистриран вчера во близина на брегот на Чиле, соопшти Американскиот геофизичкиот институт. Епицентарот на потресот бил на длабочина од околу 15 километри во Тихиот Океан.

Нема податоци за настрадани или за причинета штета. Не беше прогласена ни опасност од цунами.

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала беше регистриран и во западниот, индонезиски дел на островот Нова Гвинеја. Нема информации за повредени или причинета материјална штета.