Откриено поголемо количество дрога
Царинските службеници од царинска испостава Табановце пронајдоа поголемо количество на дрога

Во рацете на македонската царина паднаа 16 килограми марихуана наменети за европскиот пазар. Литванец, со британска возачка дозвола , се обидел да ја пренесе дрогата од Албанија во германски мерцесес. Успеал да помина на Ќафасан, но бил фатен на граничниот премин Табановце. Неговата збунетос им дал сомнеж на цариниците .
Тонско: Ванчо Каргов- директор на царинската управа на РМ
Литванецот колата ја набавил во Германија , а дрогата му била сокриена во Албанија.За пратката му помогнал германски пријател , кој го обезбедил со автомобилот и марихуаната во него. Доколку овие 16 килограми завршеа на нарко пазарот нарачателот ќе заработеше 64 илјади евра. Литванецот заработи кривична пријава .
