Ризик од кисели дождови во Турција

28.10.2016 12:24

Кисели дождови може да има во турските окрузи Мардин, Шарнак и Хакари. Турското министерство за здравство ги предупреди граѓаните за опасноста и повика за преземање мерки за претпазливост.

Во Турција постои ризик од појава на кисели дождови поради тоа што борците од Исламска држава запалиле хемиска фабрика за производство на сулфур во Мосул.

Во прогнозата за динамиката на временските промени во регионот, објавена од НАСА, се гледа дека има ризик од формирање на дождовни облаци над југоисточна Турција.

Кисели дождови може да има во турските окрузи Мардин, Шарнак и Хакари. Турското министерство за здравство ги предупреди граѓаните за опасноста и повика за преземање мерки за претпазливост.

Се апелира до локалните жители да не излегуваат надвор во случај на врнежи.