Нова авионска линија Скопје- Хановер
Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија два пати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година.

Скопје- Хановер е новата линија која од 31-ви октомври ќе сообраќа од Аеродромот Александар Велики, а билетите ќе се резервираат по цени почнувајќи од 899 денари за билет во еден правец, соопштија денеска од ТАВ и Виз ер.
Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија два пати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Секој понеделник и петок воздухопловите ќе заминуваат од Скопје, додека во вторник и сабота ќе пристигнуваат од Хановер.
Покрај Хановер, како 23- та дестинација на оваа авиокомпанија, скопскиот аеродром е поврзан со осум други градови во Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Минхен и Нинберг, сите управувани од Виз ер.
