Шојбле: Посилен мониторинг за фискалната политика на ЕУ

28.10.2016 16:17

На прес конференција во Братислава германскиот министер изјавил дека се додека не постои Европска фискална унија, која што според него нема да се формира во догледно време, Европската комисија треба да има повеќе политичка улога.

Германскиот министер за финансии Шојбле предлага мониторингот на фискалната политика на Европската унија да го врши „Механизмот за европска стабилност“.

На прес конференција во Братислава германскиот министер изјавил дека се додека не постои Европска фискална унија, која што според него нема да се формира во догледно време, Европската комисија треба да има повеќе политичка улога.

Според дел од европските експерти, постојан и темелен мониторинг на фискалните политики на ЕУ ќе придонесе за намалувањње на загубите кои што честопати се случуваат поради политички влијанија или интереси на земјите членки.