Силен земјотрес во Италија, нема информации за жртви
Спасувачки служби интензивно пребаруваат под урнатини од згради, во обид да спасат повредени и да утврдат дали има загинати. До моментот немаме информации за жртви, изјави Фабрицио Курчо, началник на италијанската Служба за цивилна заштита.

Нема загинати, само неколку луѓе се повредени по земјотресот што утринава ја погоди централна Италија, соопшти локалната Служба за цивилна заштита.
До моментот немаме информации за жртви, изјави Фабрицио Курчо, началник на италијанската Служба за цивилна заштита.
Неколку лѓе се повредени, а голем број патишта се затворени, додаде тој на прес конференција.
Спасувачки служби интензивно пребаруваат под урнатини од згради, во обид да спасат повредени и да утврдат дали има загинати.
Директорот на италијанската Служба за цивилна заштита во регионот на Марка, Чезаре Спури изјави дека има информации оти во многу градови на подрачјето погодено утрово од земјотресот има урнати згради.
Централниот дел од Италија утрово го погоди земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.
Епицентарот бил меѓу Норча (колу 5 илјади жители) и Пречи (752 жители) во провинцијата Перуџа во областа Умбрија.
